Дали сте интернет зависник?

Дали некогаш сте се запрашале дали поминувате премногу време на интернет, па кога конечно ќе се случи да излезете некаде со друштво (не на Skype), се чувствувате како никој да не разбира што сакате да кажете? Ако тоа ве загрижува, еве неколку “симптоми” поврзани со тоа. Во зависност од тоа во колку од нив ќе се пронајдете, ќе знаете до кој степен на зависност сте стигнале. А сигурно ќе се пронајдете во некои. 

 

Се надеваме дека во меѓувреме и ќе се насмеете. 

1. Кога го исклучувате вашиот компјутер, добивате ужасно чувство на празнина. 

2. Вашето куче и вашата двегодишна ќерка имаат свои веб страници. 

3. Кога се додворувате на девојка, не прашувате за телефонскиот број, туку за e-mail адресата. 

4. Се случува да се фатите себеси како после секој збор додавате “.com”.

5. Кога го исклучувате телевизорот, чекате да се појави “Shut Down” порака. 

6. Не можете да разговарате со домашните, тие немаат компјутер. 

7. Имате тетоважа на телото на која пишува “This body is best seen in IE5+”

8. Кога ќе видите дека вашиот inbox е празен, се чувствувате депресивно и осамено. 

9. Не го знаете полот на вашите тројца најдобри пријатели. 

10. Вашето семејство секогаш знае каде сте.

11. Во нормални ситуации, веќе не се смеете, само велите “LOL! LOL!!!”

12. Девојките со кои се дружите се во JPEG формат. 

13. Потребни ви се 10 минути скролување за да поминете низ вашата “Favorites” збирка.

14. Вашите очила имаат врежано “Internet Explorer” на нив.

15. Убедени сте дека сурфањето на интернет е подобро од секс. 

16. Им се смеете на луѓето што имаат модем 33.6к.

17. Почнувате да употребувате емотикони и во службените писма. 

18. Кога се будите во 5 наутро, одите во тоалет, а на враќање застанувате да проверите e-mail. 

Пронајдете не на следниве мрежи: