Таа vs. Tој факти

Loading...

Ви претставуваме неколку занимливи факти на мажите наспроти жените кога станува збор за однесувањето на нивното работно место…

 

Семејната слика е на неговото биро:

– Тогаш тој мора да е семеен човек.

Семејната слика на нејзиното биро:

– Нејзиното семејство и е поважно од кариерата.

Неговото биро е несредено:

– Тој сигурно работи многу напорно!

Нејзиното биро е несредено:

– Таа е многу неуредна и неорганизирана!

Toj зборува со неговите колеги:

– Сигурно разговараат за последната зделка.

Таа зборува со нејзините колеги:

– Сигурно оговараат.

Тој не е на неговото биро:

– Сигурно е на состанок.

Taa не е на нејзиното биро:

– Сигурно е во тоалет.

Тој не е во канцеларија:

– Сигурно е на состанок со клиенти.

Таа не е во канцеларија:

– Сигурно излегла на шопинг со пријателките.

Toj е на ручек со шефот:

– Тоа значи дека тој одлично напредува.

Таа е на ручек со шефот:

– Мора да се љубовници.

Тој ќе се жени:

– Ќе стане подобар човек.

Таа ќе се жени:

– Сто посто ќе затрудни и ќе си оди.

Toj ќе има дете:

– Одлично, ќе му треба покачување.

Таа ќе има дете:

– Ќе ја чини фирмата повеќе додека е на трудничко.

Тој ќе оди на деловно патување:

– Па тоа би било добро за неговата кариера.

Taa ќе оди на деловно патување:

– Нејзиниот сопруг и дозволи?

loading...