Вицови за полицајци

·         Полицајци се собираат во кафеана, и еден од колегите доаѓа во ултра модерен костум. Го заобиколуваат и го прашуваат:

– Од каде ваков костум и од каде најде пари да го купиш?
– Абе какво купување, подарок ми е.
– Аман бре, кој ти подарил вакво нешто?
– Жена ми. Се враќам вчера дома, таа ме чека гола во креветот, а костумот оставен на столот на спалната

·         Касно во ноќта ѕвони ѕвончето:

– Кој е ?
– Полиција, отворете!
– Нема никој дома!
– А кој зборува?
– Ви се причинило.
– А зошто свети?
– Чекај сега ќе угасам!

·         Си стоеле двајца полицајци пред гинеколошка клиника и читале плакат на кој пишувало:
„Најзагрозени професии од сифилис се: 1. Актери 2. Шофери 3. Полицајци.“
Откако го прочитале, едниот полицаец го прашал другиот:
– Абе колега, што е тоа сифилис?
А овој му мавнал еден шамар и му рекол:
– Е од такви како тебе сме на трето место.

·         Полицаец се враќа порано од работа. Влегува дома и слуша чудни звуци од спалната. Влегува во спалната и ја гледа жена му како лежи гола во креветот.
– Што се случува?
– Ох, имав срцев удар, оди викај брза помош!
Полицаецот се стрчува и го среќава малиот син.
– Тато, чичко Цветко се крие во плакарот.
Полицаецот се враќа во спалната соба, го отвора плакарот и внатре го гледа својот сосед.
– Абе Цветко, жена ми умира, а ти играш криенка со син ми…

·         Некоја жена продавала кондоми во трафика и била фатена како ги дупи со игла. Полицаец ја прашува:
– Зошто си ги дупела кондомите со игла?
– Бидејки сум патриот.
– Каква врска има тоа со патриотизам?
– Го зголемувам наталитетот на Република Македонија!

Пронајдете не на следниве мрежи: