Дневна доза на добри вицови за смеење

·         Здраво комшија, јас сум соседот што живеее точно над вас.

Би сакал да ве замолам да бидете потивки ноќно време додека ја правите онаа работа. Постојано ја слушам жена ви ,,Ајде Коле, уште, ајде Коле, побрзо…” и така натаму.

– Ааа грешка сте комшија, јас се викам Виктор и ноќе не сум дома туку на работа.

·         Итар Пејо сонувал многу пари и бројот 6.
Сабајлето станал во 6 часот и 6 минути, повикал такси со регистрација 666 му платил 66 денари.
Отишол на хиподром на каса број 6 и на коњот број 6 ставил 66.666 денари.

– И?
– И коњот со број 6 завршил 6-ти.

·         Како се вика Алиса во земјата на чудата на кумановски?
-Стојанка у City Mall.

·         Во лудница, некој лудак си седнал на страна и си пишува нешто. Доаѓа докторот и го прашува:
– Што пишуваш?
– Љубовно писмо.
– На кого?
– На сам себе.
– И што пишува во него?
– Немам поима, сеуште не сум го добил.

·         Црвенкапа останала трудна, му се јавила на волкот и му рекла:
– А бе волчко, требаше да ме изеДеш !!
Волкот се подзамислил малку, па и вратил:
– Ај па и ти, за една буква правиш проблеми.

Пронајдете не на следниве мрежи: