Дневна доза на смеење

Loading...

 

Уште една дневна доза на смеење…никогаш доста од вицови кои ќе не насмеат нели?

 

Што е секс?

– Дедо, дедо…знајш шо е секс???
– Знам!
– Е шо е?
– Да станиш на сабајле, да исцепиш дрва, да запалиш оган, да појдиш до продавница, да купиш леб, да купиш млеко, да се вратиш, да….
– Еееееееее дедо!? То не е секс
– Не знам внуче ама мене баба ти секое сабајле така ме секса!

 

 

Должност

Разговараат две пријателки…
1. Маж ти уште работи во полиција ?
2. Не, сега е во затвор
1. ???
2. Затоа што силувал една девојка додека бил на должност
1. А со девојката што стана ?
2. И таа е во затвор
1. ???
2. Заради спротиставување кон полицаец !!!

 

 

Бајка или Пропаст

 

На работа, со кафе, зборуваат две колешки:
-Како беше синоќа?
-Катастрофа… Маж ми дојде од работа, за три минути го изеде цел ручек, после четири минути секс и една минута подоцна заспа. А кај тебе?
-Кај мене – фантазија! Дојде маж ми дома, ме однесе на романтична вечера, после тоа се шетавме еден час до дома, а дома романтички свеќи, еден час предигра, половина час фантастичен секс и на крајот – замисли, еден час разговаравме. Бајка!

Во исто време, на другиот крај на градот, со пиво, разговараат двајца колеги:
-Како беше синоќа?
-Супер! Доаѓам дома, ручек на масата, го изедов цел, ја по*бав жена ми и заспав. А кај тебе?
-Ма, катастрофа… Доаѓам дома, нема струја затоа што не платив сметки, па морав онаа мојана да ја носам на вечера. Јадењето беше фино, ти даваат пица во огромен тањир околу украсен со некои глупости. Пицата беше многу скапа, па немав пари да платам такси за дома, затоа морав еден час да пешачам до дома. Доаѓам таму, секако нема струја, па морав да палам од тие розевите проклети свеќи. Бев толку бесен, што ми требаше еден час да ми се *игне, а после не можев половина час да *вршам! И бев толку бесен што уште еден час неможев да заспијам. Пропаст!

 

Услови

Тој:Дали ќе се омажиш за мене?
Таа:Имаш ли стан?
Тој: Не…
Таа:Имаш ли BMW?
Тој: Не…
Таа: Земаш ли плата?
Тој:Не, ама јас те сакам…
Таа:Па не сакам да се омажам за тебе немаш ништо!!!
Тој: (си зборува сам со себе кога останал сам) Немам стана ама имам куќа. Имам Ферари, 2 Поршеа, зошто да купувам BMW? Не земам плата, јас сум сопственик… Многу се чудни жениве денес ?

 

Кокошки

Трча петел по две кокошки околу кокошарникот.
Првата кокошка:
-Неможам повеќе. Ќе застанам па нека ми прави што сака.
Втората кокошка:
-Јас ќе направам уште некој круг, да не рече дека сум лесна женска!!

 

Кондуктер

Кондуктер проверува карти во автобусот и прашува еден човек:
– Имате карта?
– What?
– Карта ве молам.
– Excuse me?
– Карта господине!
– I don’t understand you!
– Your ticket please.
– Што?

 

Падобран

Летале Србин, Словенец и Македонец со авион, кога наеднаш откажале моторите и почнал да паѓа авионот. Се вртат тројцава и гледаат само два падобрана. Словенецот вика:
– Слушајте луѓе, ние сме мала држава, плус најпаметни, јас мислам заслужувам еден падобран.
– У право си – вика Србинот, грабнува еден падобран, му го дава на Словенецот и овој скока.
– Шо прајме сега, ние сме двајца, а само еден падобран – прашува Македонецот.
А Србинот одговара:
– Не бери гајле, имаме два падобрана. На Словенецот му дадов празна торба, он е паметен, до доле ќе смисли нешто.

 

Пожар

Детето: Тато, тато, тато, брзо станувај ни гори куќата!
Таткото: Брзо излагај надвор и престани да се дереш ќе ја разбудиш мајка ти!

Супер маркет

Tрпе ја изгубил жена си во Супер Маркет. Застанал до една згодна жена и …
– Може да се запознаеме? Јас сум Трпе…
– Марш, манијаку ни заеден, најде баш овде да ми се пушташ.
– Е па овде ја изгубив жената, а веднаш штом застанам до некоја згодна женска, жена ми од некаде излегува.

loading...