Смешни дефиниции за ладните температури

Loading...

Ладните температури се пред нас. Односно со нас…

Како гледа целиот свет на ладните темперури да прочитаме. И да се насмееме…

 

+18° C – На Хаваи земаат втор покривач.

+10° C – Во зградите во Хелсинки го исклучуваат парното.
+2° C – Италијанските автомобили не можат да запалат.
0° C – Дестилираната вода замрзнува.
-1° C – Здивот се гледа. Русите јадат сладолед и пијат ладно пиво.
-4° C – Кучето ви се пика во кревет.
-10° C – Француските автомобили не можат да запалат.
-12° C – Политичарите почнуваат да зборуваат за бездомниците.
-15° C – Американските автомобили не можат да запалат.
-20° C – Здивот се слуша.
-24° C – Јапонските автомобили не можат да запалат.
-28° C – Кучето ви се пика во пижамите.
-29° C – Германските автомобили не можат да запалат.
-30° C – Ниеден нормален автомобил не може да запали.
-36° C – Руските автомобили не можат да запалат.
-39° C – Русите ги закопчуваат сите копчиња на кошулата.
-50° C – Автомобилот ви се пика во кревет.
-60° C – Жителите на Хелсинки се смрзнуваат. Во Москва ги закопчуваат капутите.
-70° C – Се смрзнуваат и во пеколот. Универзитетот во Кузњецк организира крос-кантри.
-72° C – Адвокатите ги пикаат рацете во своите џебови.
-120° C – Алкохолот замрзнува. Русите се баш онака нервозни!
-273,15° C – Апсолутна нула. Се прекинува движењето на елементарните честички. Русите лижат замрзната вотка.

loading...