Крај на една ера за Microsoft

Adobe Flash, мултимедијалниот софтвер што лансираше безброј анимирани видеа во ерата пред YouTube, официјално е „древна технологија“.
Од 31 декември, Adobe престана да добива софтверска поддршка и Microsoft им соопшти на корисниците на Windows 10 дека е време да се ослободат од Flash, ако веќе не го сториле тоа.
Со аплицирањето за ажурирање ќе се отстрани само Adobe Flash Player, инсталиран со Windows, но не и ако бил посебно вметнат од друг извор, објави Microsoft. Штом ажурирањето заврши, Adobe Flash ќе биде отстранет од Control Panel и корисниците на Windows 10 нема да можат да го симнат ажурирањето на претходната верзија. Корисниците исто така можат да го избришат Adobe преку веб-страницата на Adobe. Ако сепак ви затреба Flash, треба да го ресетирате вашиот компјутер и да го поставите на претходната restore point.
До крајот на месецот, Microsoft исто така ќе го отстрани Flash од својот нов Edge прелистувач.
„Почнувајќи од јануари 2021 година, Adobe Flash Player ќе биде по дифолт исклучен и сите верзии постари од KB4561600 кои беа исфрлени во јуни 2020 година ќе бидат блокирани“, известува PCPress.
Новото ажурирање на Microsoft моментално достапнo преку Update Catalog, целосно го брише Flash од оперативниот систем, но само за корисниците на Windows 10 од верзијата 1903 и понови, како и неколку Windows Server верзии. „Печот“ ќе биде објавен за неколку месеци преку Windows Update и ќе биде достапен во почетокот на 2021 година преку услугата Windows Server Update. На почеток, ажурирањето ќе биде опционално, а неколку месеци подоцна ќе стане препорачано.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.