ЦЕЦА РАЖНАТОВИЌ ВО МИНИ ШОРЦ! НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА ГО ТРГНЕ ПОГЛЕДОТ ОД НЕА

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ проговори за чудните јадења кои ги пробала!
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ (48) се појави на снимањето на „Ѕвезде гранда“ во атрактивна комбинација.
Учесничката на жирито влезе во студиото во чипкан бел корсет – јакна и шорцеви, како и бел шешир, чанта и очила за сонце.
Стајлингот го заокружи со бордо чизми.
Таа во оваа прилика за медиумите проговори за чудните јадења кои ги пробала.
– Тоа е познато, јас сум месојад. Сум јадела месо од различни диви животни. Единственото нешто што никогаш не можев да го пробам беа полжавите, кога ќе се сетам како изгледаат, навистина не можам. Но, имам пробано змии, зебри, ноеви, месо од ајкула, крокодили – вели Ражнатовиќ и даде свое мислење дали подобри готвачи се мажи или жени.
Не знам. Тука се работи за љубов. Тоа се луѓе кои многу сакаат да готват и затоа сето тоа е толку вкусно. Но, не сум имала ниту еден маж што мириса на запршка – изјави Цеца за „Блиц“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.