Денес има 50 години, а по неговото тело се уште лудуваат жените – Сакис Рувас повеќе не изгледа така

Грчкиот пејач Сакис Рувас ја „запали“ Европа со песната „Shake It“, со која ја претставуваше својата земја на Евровизија во 2004 година во Истанбул.
Тогаш победата ја однесе претставничката на Украина – Руслана со песната „Wild Dances”, а Сакис заврши на третото место, но неговиот заразен хит на многумина не им излегува од уши и по 18 години. Тој ја претставуваше својата земја и на Евровизија во Москва во 2009 година со песната „This is our night“, но тогаш не успеа да го повтори претходниот успех. Сепак, неговиот изглед привлече големо внимание и двата пати, и изненадувачки е колку малку тој се промени со текот на годините.


Денес, 50-годишниот Сакис сè уште може да се пофали со извајано тело, кое сака да го покажува на Инстаграм, каде го следат повеќе од 900.000 луѓе, а со својот елегантен стил ги соборува жените од нивните нозе.
Еден поглед на неговите социјални мрежи открива и како пејачот ужива во сурфање, медитација, јога и здрава исхрана, што секако придонесува за неговата младост.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.