ИНФОГРАФИКОТ ги претставува ТОП 3-те ШоуБиз Инстагрампрофили во 6-те земји од регионот на Западен Балкан, рангирани според соодносот на објави и бројот на реакции на публиката (допаѓања, коментари и споделувања).
Категоријата ШоуБиз воглавно вклучува Инстаграм профили на пејачи, актери, модели, стилисти и други професионалци од индустријата за забава, заедно со профили од луѓе без јавна професија освен т.н. „Инфлуенсери“ на социјалните мрежи .
Очекувано, моќта на влијание на профилите генерално кореспондира со големината на населението во земјата.
Најистакнат исклучок од ова општо правило се профилите на Инстаграм од Косово во категоријата ШоуБиз, кои генерираат најактивна публика помеѓу сите земји во регионот на Западен Балкан.Ова е поради фактот што нивната база на следбеници значително го надминува населението на Косово и се шири низ целата албанска заедница во регионот и во дијаспората.
Методологија
Оваа анализа ги прикажува резултатите од истражувањето на Pikasa.ai спроведено во април 2022 година, користејќи ја платформата за медиумска анализа на објавите и реакциите на профилите на Инстаграм во категоријата ShowBiz Influencers во 6 земји од регионот на Западен Балкан.