Најдобар рецепт за ТОРТИЉИ: Тестото ќе биде МЕКО и вкусно па додајте прилози по желба

Рецепт за тесто од кое тортиљите ќе бидат превкусни
СОСТОЈКИ:
2 шолји од 2 дл брашно
1 шолја вода
по вкус сол
6 лажици путер
Подготовка
Просејте го брашното, потоа додајте омекнат путер, сол и замесете мазно тесто со топла вода. Оставете го да одмори најмалку десет минути, а потоа поделете го на топчиња со саканата големина.
Секое топче расукајте го во круг, па печете во добро загреана тава од двете страни по неколку минути. Наполнете ги тортиљите со фил по желба. Ова е основен рецепт за тесто за тортилја што можете да го измените по ваш вкус. Тие се многу меки и вкусни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.