Салатата од компир на сите ни е добро позната уште од античко време, ја јадеме во сите прилики, ја служиме со риба, но и со месни јадења, ја сакаме добро зачинета, со повеќе или помалку кромид. А како ја прават и јадат во соседна Австрија или Германија? Слична, а сепак различна. Нивната компир салата е посочна и кремаста, а главната причина за тоа е говедската супа. Со добро познатите зачини како бибер и сол и масло и оцет, Австријците и Германците ја збогатуваат својата салата од компири со топла говедска супа и лажичка сенф.
Сепак, не е се само во преливот. За да ја направите вашата салата совршена и сочна, дефинитивно треба да внимавате на 5 грешки поради кои салата од компири може да изгледа лошо, и покрај одличниот рецепт.
Состојки за салата од компири:
1 кг компири (тврди, жолти)
1 главица виолетова главица кромид со средна големина
250 мл говедска супа
1 кафена лажичка сенф
1 лажица бел вински оцет
3 лажици сончогледово масло
малку свежо мелен пипер
2 прстофат сол
неколку гранчиња свеж магдонос
Подготовка:
1.Компирите се мијат, се ставаат цели во тенџере со ладна вода и се варат во кората околу 30 минути. Кога ќе се сварат компирите, ставете ги во ладна вода, оставете ги малку да се изладат за полесно да се лупат и исечат, а потоа излупете ги и исечете ги на кришки со еднаква дебелина.
2.Излупете го кромидот и исечкајте го на коцки, додадете го во компирот и внимателно измешајте.
3.Во топлата супа додајте сенф, оцет, масло, сол и бибер, сè убаво измешајте и прелијте ги компирите, нежно протресете го садот и оставете ја салатата да отстои барем еден час за да ги впие сите ароми.
4.Свежиот магдонос се сечка ситно, се посипува врз салатата, по потреба се зачинува салата со сол и бибер, се меша внимателно и се сервира.