Лажна лазања со пилешко и паста

Љубителите на италијанската кујна ќе бидат особено задоволни од овој рецепт за кремасти и полни тестенини со пилешко. Покрај тоа што се подготвува брзо, храната е изобилна, а состојките се секојдневни. Пилешкото е секогаш одличен избор за ручек, особено кога се комбинира со тестенини.
Со додавање на фин сос и зачини, ова јадење може да биде замена за лазањите.
Потребни состојки:
600 gr пилешко филе
500 gr тестенини
200 gr кашкавал
350 ml доматен сос
200 ml неутрална павлака
3 чешниња лук
100 ml вода
4 лажици масло
1 кромид
малку оригано
црвен пипер
сол
бибер
Подготовка:
Пилешкото исечкајте го на коцки и посолете го. Загрејте ја тавата на тивок оган, додадете масло и потоа пилешкото за да се пржи. Додека се пржи пилешкото додадете ги сите наведени зачини, по ваш вкус, па промешајте. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги и додадете ги во пилешкото. Кога пилешкото е готово, истурете вода и сос од домати, па покријте и оставете да се динста на тивок оган околу 5 минути. Додадете половина од ренданиот кашкавал и сето тоа убаво измешајте го.
Во меѓувреме ставете да се варат тестинини по ваш избор: макарони, фузили, pene, кобети, корнети, ригатони, ѕити.. едноставно што ви е омилено, само да не е долго и гломазно како шпагети. Во водата не додавајте сол.
Тавата премачкајте ја со масло и во неа ставете дел од сварените тестенини, па над вид ставете го пилешкото месо. Одозгора наредете ги останатите тестенини, па убаво прелијте со неутрална павлака. Посипете со преостанатиот кашкавал, ставете во рерна и печете на 230 степени околу 20 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.