Ќе ви биде жал што не сте се сетиле на ова: Едноставен трик за виткање подароци кога немате доволно хартија!

Се ближи сезоната на новогодишните и божиќните празници, која секако носи грст подароци.
Секогаш сакаме да бидеме иновативни и креативно да ги завиткуваме подароците на нашите сакани, но што да правиме ако се најдеме во ситуација во последен момент да сфатиме дека немаме доволно хартија за виткање, и нема време да одиме во продавница?
Емилим, инфлуенсерка на ТикТок, ни покажа одличен трик кој е толку едноставен, а сигурни сме дека на повеќето од нас не ни паднал на памет.
На видеото можеме да ја видиме Емили како витка подарок под елката и потоа сфаќа дека нема доволно хартија за да го завитка.
Се обидува да го преврти, но не може, нема доволно хартија. Сепак, таа има одличен совет.

@mrsemilynorris
The only Christmas Hack that you need! #christmashack #lifehack #wrappinghack #giftwrapping #christmas #christmaswrapping
♬ One More Sleep – Leona Lewis

– Ако немате доволно хартија, свртете ја кутијата дијагонално. Работи секој пат – вели Емили.
Едноставен трик на кој не ни текнало, а кој ќе ни олесни многу работи во иднина.
„Премногу добро, никогаш не помислив на ова, и тоа е толку едноставно“, напиша една мајка под видеото, кое брзо стана вирално и моментално има 1,8 милиони прегледи.

Пронајдете не на следниве мрежи: