Алармантно предупредување: Ако ја забележите оваа порака на вашата сметка на Google – под напад сте

Американските кибер агенции ги предупредуваат корисниците на Google, Microsoft и Apple да ја зајакнат безбедноста на своите сметки поради порастот на софистицираните напади.

Криминалците користат комбинација од лажни безбедносни пораки и телефонски повици за да ги измамат корисниците да ги откријат своите кодови за верификација. Нападите врз корисниците на Apple станаа вирални, при што напаѓачите се претставуваат како поддршка на Apple и бараат од корисниците да го прочитаат безбедносниот код, што им овозможува да ги преземат нивните сметки.

Слични тактики сега се насочени кон корисниците на Google, при што напаѓачите користат легитимни пораки од Google, заедно со лажни повици од „тимот за поддршка на Google“.

Корисниците на Мајкрософт се мета на пософистицирани напади, во кои напаѓачите се преправаат дека се ИТ експерти преку повици на Тимс, принудувајќи ги корисниците да ја стартуваат алатката QuickAssist, која се користи за инсталирање на малициозен софтвер.

Експертите советуваат корисниците никогаш да не им веруваат на неочекувани повици, да не споделуваат безбедносни кодови и да ги игнорираат пораките за верификација што не ги иницирале сами. Ваквите повеќестепени напади, потпомогнати од глас генериран од вештачка интелигенција, стануваат сè почести и се очекува дополнително да се зголемат до 2026 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: