Куќниот совет го исклучи Бучковски

Куќниот Совет на зградата бр.16 на ул. Вртопол во скопската населба Капиштец реши да го исклучи Владо Бучковски.Советот на зградата доцна синоќа објави дека  Владо Бучковски, станар во оваа зграда, е исклучен од Советот.
Причина за оваа одлука, како што наведоа, е неговото несогласување со Претседателството на куќниот Совет околу завршните сметки и поттикнување на другите станари да се спротистават на веќе донесените одлуки.
„Во овој Куќен совет отсекогаш се знаел редот. Не може сега да менуваме работи и одлуки само затоа што на Бучковски така му текнало. Па не му е ова политика“ – изјави за Брејкинг видно вознемирената претседателка на куќниот совет, Благуна Трајковска.
Еден од станарите, кој сакаше да остане анонимен, а се смета за близок на исклучениот Бучковски вели дека е уверен дека поголемиот дел од станарите се на негова страна,
Сепак, главното е што станарите се гневни на Бучковски бидејќи  не ја пријави зградата на месните Соседски игри иако имавме сигурни победници во неколку дисциплини.“
Кеке Јовановски, (доколку ги распоредите буквите е всушност Јове Кекеновски)  локален експерт за меѓусоседски прашања вели дека не би се зачудил доколку  веќе во мај Бучковски оформи нов куќен совет, кој ќе смета на поддршката од околните згради во преземањето на приврзаниците на актуелниот.
На Бучковски му тргна со исклучувања, па да видиме дали нешто слично и во иднина…или сепак веќе нема места од каде што може да биде исклучен.
Текстот е сарказам и е со цел на хумористичен начин да го прикаже исклучувањето на Бучковски од неговата некогашна матична партија, опозициската СДСМ.Советот на зградата доцна синоќа објави дека  Владо Бучковски, станар во оваа зграда, е исклучен од Советот.
Причина за оваа одлука, к

Пронајдете не на следниве мрежи: