понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Охриѓанец возвраќа на писмото на скопјанката!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Неодамна имаше писмо од една скопјанка до охриѓани, денес охриѓанец возвраќа на нејзиниото писмо. Погледнете го писмото што го објави порталот охриѓани:  „Пред некој ден ни стигна писмо од Бојана ( Писмо до Охриѓани од една Скопјанка…), кое имаше доста критики дали било вистинско или не.
Еве денес ни пристигна и друго писмо со реакција за горенаведеното !
 
Бојано мори златна Бојана. Пред 2 дена го прочитав твоето писмо на Охриѓани.мк и значит ептен ме изнервира со твојата глупост.
Од  ко го исклучив компјутерот почнав да кршам дома тенџериња од што бев нервозен, излегов надвор и ојдов к`ј комшијана да се опијанам.
Да, решив да се напрам лајно, з`ш толку многу ме навреди и изнервира со текстот.
Со љубов секогаш си идела во Охрид и сега си ја сакала Грција, епа оди таму живи мори предавничке ниедна. Од вакви како тебе Македонија патит.
Море не јајца, камења да фрлаја на граница по тебе и тој мажти здрвен. Еве сега на цел глас пуштив Лав Радио, да знам дека имат патриоти во ова држава.
А за цените во Охрид не ми прај појќе муабет!
Прошлата недела бев во то Скопјето твое, ојдовме Шутка со женана. Абе што, сите фенси љуѓе од Скопје таму биле на купвење. И после ќе ни солите памет во Охрид дека вие во Скопје многу сви имале, лајна имате!
После шутка, ојдовме в`центар да касниме нешто. Седнавме во едно ресторанче, порачавме и чекавме 30 минути да ни го донесит. Тој келнерот еден здрвен што беше… Платив 1200 денари за 2 шарски и 3-4 пијачки, па такви цени ни во Вила Софија немат..
Женана викаше накафе да седниме, па ај седнавме… Платив 290 денари за 2 кафиња и 2 сокчиња… и после Охрид бил скап?!
Ех мори Бојанче, колку би сакал да те запознам и тебе и тој мажти твој. Не Шеќер, буковска во резервоарот ќе ти турев и пипер во та устата твоја што зборвит грди работи.
Бегај пак се изнервирав, дури и рацеве ми се тресет, одам к`ј комшијава да се начукам пак заради тебе!
 
Поздрав од Нолмче од Охрид до Бојанишчето од Скопје…“
Извор: ohrigani.mk„Пред некој ден ни стигна писмо од Бојана ( Писмо до Охриѓани од една Скопјанка…), к

Поврзани вести