Украина тврди дека синоќа соборила 29 руски беспилотни летала

– Украина рано утринава објави дека нејзината противвоздушна одбрана соборила 29 руски беспилотни летала во нападите во неколку региони во текот на ноќта.Командантот на воздухопловните сили Никола Олешук на Телеграм изјави дека Русија лансирала беспилотни летала од регионите Краснодар и Курск, како и од североисточниот регион Харков, каде што овој месец се интензивираа судирите меѓу завојуваните земји.Олешчук рече дека сите беспилотни летала биле соборени над регионите Одеса, Миколаев, Полтава и Лавов.Гувернерот на Миколаев, Виталиј Ким, на Телеграм изјави дека соборувањето на беспилотните летала оштетило покрив на приватна куќа и предизвикало пожар.Гувернерите на Одеса, Полтава и Лавов не известија за жртви или штети во нивните региони.Руските власти сѐ уште не ги коментираа овие напади.

Пронајдете не на следниве мрежи: