Дневна доза хумор

Loading...

Да се изнасмеете! 

 

Трпана оди на доктор и му вели: 

– Докторе, колку треба да сум висока со оглед на мојава килажа? 

– Па, околу 4 и пол метри. 

– Ете, им викам јас ниска сум, а тие запнале дебела па дебела! 

 

 

Оди зајакот кај мечката и и вели:

– Мецо, дај да тепаме некого, имам нешто вишок енергија. Ај на волкот ќе му одиме!

– Ајде бе, супер идеја, само дај некоја причина, да не биде ептен така, за џабе.

Зајакот се мислел некое време, и на крајот рекол:

– Ајде, ќе го тепаме затоа што не носи капа.

Му отишле на волкот и го претепале. 

Поминало некое време, пак зајакот отишол кај мечката:

– Мецо, пак ми се тепа некој… Ај пак да му одиме на волкот!

– Ајде бе, може, само дај некоја друга причина сега. 

– Ќе му побараме цигара, ако ни даде со филтер, ќе му кажеме сакаме без филтер, ако ни даде без филтер, ќе му кажеме сакаме со филтер – и ќе го истепаме. 

Ги слушнала лисицата и отишла кај волкот да му пренесе, за овој да се подготви. 

Отишле зајакот и мечката кај волкот, и му рекле:

– Волчко, дај една цигара! 

– Сакате со филтер или без филтер? 

Зајакот и мечката се замислиле на момент, а потоа зајакот извикал:

– Абе, ти пак не носиш капа, а?! 

 

 

Учителката му вели на малиот трпе:

– Трпе, затвори го прозорот, надвор е ладно. 

А Трпе и враќа:

– Учителке, надвор ќе биде ладно и ако го затворам прозорот. 

 

 

 

Иде дечко во слаткарница:

– Добар ден може ли да добијам една бакљава?

-Не.

-Зошто?

– Не се вика бакљава, него баклава.

– Добро, може ли да добијам баклава?

– Може. (му носи)

После неколку минути…

– Може ли да добијам љимунада?

– Не може да добиеш љимунада!

– Зошто?

– Не се вика љимунада него лимунада!

– Добро, може ли да добијам лимунада?

– Може. (му носи)

После неколку минути…

– Може ли да пљатим?

– Не може…

– Ооо фаљааа, пријатно!!!

loading...