Малку црн хумор

Хагс

Некој човек многу лошо се осеќал и отидол на доктор. После прегледот, се дијагнозирало дека е болен од ХАГС. И пациентот го прашува докторот:
– Што е ХАГС?
– Тоа е комбинација од херпес, aids, гонореја и сифилис.
– Ауф, и сега што ќе правиме?
– Ништо, ќе ве ставиме во изолирана соба и ќе ве храниме со пица, шпагети и помфрит.
– И мислите дека тоа ќе помогне? – Очајно прашува пациентот.
– Не верувам, али тоа е врста на храна што лесно поминува под врата.

 

 

Џемс Бонд

Џемс Бонд си купил нов и многу брз автомобил. Се качил во него, го возел со огромна брзина, се удрил во една бандера и го однеле во болница. После долго време тој се разбудел и видел еден старец, решил да се запознае со него и му рекол. 
– Јас сум Џемс Бонд. 
Старецот му одговорил: 
– Јас сум Петар, Свети Петар.

 

 

Водење љубов

Полицијата повикува жена да го идендификува својот маж кој го прегазил шлепер:
– Дали го препознавате? – Прашува полицаецот.
– Хммм, да не е Пикасо?

 

 

Фудбал

Зошто мртвите не играат фудбал?
– Не можат да постават жив ѕид.

 

 

Распаднати

Која е разликата меѓу Битлси и Мајкл Џексон?
– Битлси се веќе распаднати.

 

 

Чистота

Малечок, зошто плачеш?
– Ми умре мачката од чистота.
– Додека ја бањаше?
– Не, додека ја цедев.

 

 

Подолго

Хитлер дошол во концентрациониот логор и почнал да ги строи сите и еден по еден да ги убива. Стигнал до едно мало девојче и му рекло:
– Хитлер, јас имам една желба.
– Ајде, кажи, само побрзо.
– Сакам да живеам подолго.
Хитлер размислил и и рекол:
– Добро, оди на крај од редот.

Пронајдете не на следниве мрежи: