(Видео) Најдобрите технолошки реклами: Samsung го исмева Apple

Објавен е список на најгледаните технолошки реклами и видеа на кои доминираат Google и Samsung. 

Нема смисол да ја чекаме “следната голема работа”, кога таа работа веќе постои и се вика – Samsung Galaxy S3. “The next big thing is already here.” во која оваа компанија го исмева Apple и неговите корисници кои со денови чекаат во ред за телефон кој тек ќе ги добие опциите кои уредите на Samsung веќе одамна ги имаат, е најгледаната технолошка реклама за 2012 година. 

Интересно е дека на листата на најгледаните технолошки реклами за 2012 нема ниту едно видео на Apple. 

Овие информации се објавени од компанијата Visual Measures, која ја следи гледаноста на видео записите на YouTube и на другите видео сервиси, а ги пренесува информациите на сајтот All Things Digital, на која се вели дека со листата доминира Google, кој е или директно или преку оперативниот систем Android вклучен во најголемиот дел од овие реклами, и Samsung. Видеото на Samsung е прегледано повеќе од 70 милиони пати.

 

1. Samsung

 

2. Intel/Toshiba

 

3. Samsung

 

4. Samsung

 

5. Google

Пронајдете не на следниве мрежи: