Во деновите кога се пости на вода е прилично тешко да се направи разновидно мени, особено кога станува збор за сладокусците.
Но, оваа пита е како создадена за тие денови!
Потребни состојки:
- 500 гр. брашно
- 100 гр. шеќер
- 500 мл. млака вода
- 1/2 шолја суво грозје
- 6 лажици џем од кајсија
- сок и рендана кора од еден портокал
- 1/2 лажиче прашок за печиво
- 1 лажиче сода бикарбона
- рендана кора од лимон
- 1/2 лажиче цимет
Начин на подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 180 Целзиусови степени.
Во подлабок сад ставете го брашното, прашокот за печиво и содата и измешајте за да се соедини.
Потоа, по ред додајте суво грозје, рендана кора од лимон и портокал, цимет, сок од портокал и вода, па сето тоа добро измешајте го со лажица.
Обложете тркалезен калап со пречник од 28 центиметри со хартија за печење, ставете ја смесата за питата и израмнете ја со лажица. Печете околу 30 минути.
Кога ќе се испече, извадете ја од калапот и оставете ја да се излади, а потоа пресечете ја по должина на две кори, па долната премачкајте ја со џем.
Потоа преклопете со горната кора, а пред послужување на колачот, по желба, посипете го со шеќер во прав.