Најубавиот сладолед на светот е оној од бозел

Бозелот процвета, па дојде време да се подготвуваат сокови, но и сладолед за кој ви претставуваме еден едноставен рецепт.
Потребни состојки:

  • 250 гр. маскарпоне сирење
  • 150 мл. слатка павлака
  • 200 мл. сируп од бозел
  • 2 белки од јајце
  • 100 гр. шеќер
  • 25 мл. вода
    Начин на подготовка:
    Изматете ја слатката павлака, а потоа додајте го маскарпонето и сирупот од бозелот и повторно изматете.
    Белките изматете ги во шлаг. Додајте 20 гр. шеќер и продолжете со матење. Во еден сад, ставете го преостанатиот шеќер и 25 мл. вода, загрејте до вриење, а потоа варете уште 5-6 минути.
    Вака добиениот сируп додавајте го во белките, истовремено матејќи со миксер. Матете додека шлагот не се излади, а потоа соединете го со шпатула заедно со маскарпонето, слатката павлака и сирупот.
    Вака подготвената смеса распоредете ја во соодветен калап со поклопец и замрзнете ја.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.