Брзиот ручек е она што ни треба кога надвор е топло, а што е подобро од италијанската храна? Пастата е најдоброто решение, бидејќи е неверојатно лесна за правење и му успева секому, а има милион начини да ја подготвите, од наједноставните, само со сос од домати, до оние кои имаат повеќе состојки. Најпознати пасти секако се болоњезе и карбонара.
Овој рецепт е особено интересен бидејќи за прелив се користи омилениот прилог на сите Балканци – пире од компири. Заборавете на бешамелот, компирот ќе му даде густина на јадењето и ќе ги соедини состојките.
Потребни состојки:
2 компира
250 gr тестенини
2 тиквички
2 чешниња лук
80 gr чедар
маслиново масло
Подготовка:
Сварете ги тестенините (ал денте), како и компирите. Изрендајте ги тиквичките, како и кашкавалот, а лукот ситно исечкајте го. На маслиново масло пропржете лук и тиквички. Исечете ги компирите, па ставете ги во блендер, посолете, додајте чедар и малку маслиново масло. Блендирајте додека не добиете компактна смеса. Во тиквичките додадете ги сварените тестенини и пирето од компири. Добро соединете. Оставете на шпорет уште 2-3 минути.