Секој сака брзи и лесни рецепти, особено во работните денови. Овој рецепт е навистина одличен, бидејќи е брз, лесен и евтин.
Сѐ што треба да направите за овој ручек е да ги измешате сите состојки и да го ставите во рерна. Оваа печена паста одлично оди со марула, што е добар избор бидејќи сега има многу млади салати на пазарот.
Потребни состојки:
500 gr шупливи тестенини
1 l млеко
540 ml павлака
4 јајца
1 прашок за пециво
шунка или сланина
180 ml јогурт
масло
сол
Подготовка:
Изматете ги состојките за преливот (млекото, павлаката, јогуртот, јајцата, прашокот за печиво и солта).
Ставете ги суровите тестенини во подлабок сад за печење претходно намачкан со путер.
Додадете сечкана варена шунка (или сланина) во суровите тестенини, па измешајте.
Прелијте ги тестенините со претходно подготвениот прелив. Над преливот истурете малку масло.
Подготвените тестенини ставете ги во загреана рерна и печете ги 40 минути на 200 степени.