Ви треба:
500 г печурки150 г црвен кромид1 дл масло1 дл бело виномалку сол1 лажица мешавина од сува зачини1 лажичка бел мелен пипер300 г ориз200 г сирење од растителна основалистови од магдонос по вкус
Подготовка:
Ситно исечкајте го кромидот и пржете го во масло. Потоа прелијте го виното и варете додека не зоврие. Додадете ги печурките исечени на листови и варете додека не омекнат. Потоа зачинете со сол, бибер и зачини. Одделно, сварете ја коцката за бујон во 2 литри вода. Откако ќе зоврие, додадете го оризот. Гответе уште 15 минути на средна температура, мешајќи повремено. Потоа тргнете од оган, покријте и оставете три минути. Потоа префрлете го во цедалка и оставете да се исцеди три минути. Измешајте половина од оризот со печурките и додадете половина од ренданото сирење од растителна основа одозгора, потоа другата половина од оризот и сирењето. Нежно промешајте, а потоа посипете го рижото со рендано сирење и сечкан магдонос.
Пронајдете не на следниве мрежи:


