БЛИСКА СРЕДБА: „Истрелав ракета кон НЛО, но…“

Оскар Санта Мариа Хуерта од Перу, тврди дека на 11. април 1980. година истрелал ракета кон НЛО. Тој одлучи да побара од владата јавно да се објават сите податоци за сите неидентификувани објекти.

Хуерта е единствениот пилот во светот којшто имал можност да пука во НЛО. На 11 април 1980 година, тој се подготвувал за воздушна вежба.

БЛИСКА СРЕДБА: „Истрелав ракета кон НЛО, но…“

Тогаш имал 23 години и осумгодишно летачко искуство. Полетал во својот Сухој-22 за да пресретне необичен сребрен објект што лебдел над пистата. Објектот се наоѓал во близина на воената база и не одговарал на наредбите на контролната кула.

Полковникот Хуерта, кој денес е пензионер, тврди дека објектот личел на балон. Вели дека истреланата ракета кон овој НЛО требала да го уништи. Сепак, не бил постигнат апсолутно никаков ефект врз објектот.

„Леталото потоа започна да се движи со голема близина. Му се приближив на 500 метри и го нанишанив, меѓутоа објектот го снема со огромна брзина“ – рекол Хуерта. Тргнал во потера и успеал да му се приближи на само 100 метри. 

Дури тогаш сфатив дека не станува збор за балон. Тоа беше објект со обем од 10 метри, со сјајна купола на врвот. Дното на објектот имаше кружен облик, сребрена боја и изгледаше како да е изработен од некој вид метал. Но, недостасуваа сите типични компоненти кои еден авион ги поседува.

„Немаше крила, погонски млазни мотори, прозорци, антени, никаков видлив погонски систем. Тогаш сфатив дека тоа не е никаков објект за шпионажа туку напреден НЛО“ – вели Хуерта.
Најверојатно му недостасуваше гориво, со што повеќе не можеше да нападне ниту да направи брз маневар за бегство.

Пилотот од страв бил принуден да направи маневри за избегнување и за да избегне напад од страна на НЛО. Тој успеал авионот да го приземји во базата.Откако се вратил, објектот стоел на небото уште цели 2 часа. Тој тврди дека сите коишто биле во базата, го виделе објектот.

Хуерта е еден од поранешните воени офицери кој изнел докази за постоење на НЛО пред клубот во Вашингтон и кој бара да се објават сите податоци за неидентификувани бојекти и средби на луѓе со НЛО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.