Авионска несреќа во Москва, загинаа 41 лице

Loading...

Во авионската несреќа што вчера се случи на московскиот аеродром Шереметјево, кога се запали авион загинаа 41 лице, а 37 преживеале. При обидот на авионот да слета, дошло до пожар во леталото, кое подоцна целосно изгоре. Аеродромот во текот на евакуацијата бил целосно затворен за сообраќај.
– Во авионот на лет од Москва кон Мурманск имаше 78 патници и членови на екипажот. Според најновите податоци достапни на истрагата, 37 од нив преживаја, изјави портпаролката на Истражниот комитет Светлана Петмеко.
Бројот на жртвите е потврден и од портпаролката на московското истражно одделение за меѓународен транспорт, наведувајќи дека загинале 41 лице.
Четворица од преживеаните се членови на екипажот. Петмина од преживеаните се хоспитализирани.
Авионот “Сухој Суперџет-100“е произведен минатата година. Компанијата “Аерофлот“ потврдила дека моторите на авионот на летот СУ1492 од Москва до Мурмански се запалиле при принудното слетување на московскиот аеродром.
Радарот за следење летови Флајтрадар 24 покажал дека авионот направил два круга околу Москва и слетал по 45 минути. Причината за несреќата се уште се испитува.

 

loading...