Авион со гости за ОБСЕ кружел 20 минути над Скопје – еве ги деталите!

Поради технички дефект, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот JU 162, морал да се врати во Белград.

Авионот АТР 72, кој полетал во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружел над Скопје 20 минути, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград.

Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги отфрли барањата на левицата
Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција, откако претседателот Емануел Макрон ги отфрли барањата на француската левица за формирање влада и наместо тоа го назначи конзервативниот ветеран Мишел Барние за премиер, јавува Politco.eu. Повикот за протест дојде …
Пожарот во Беловодица и Мариово е ставен под контрола
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот во Беловодица и Мариово е ставен под контрола. „Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џеват Селими континуирано од терен ја следи ситуацијата со активните пожари низ Република Северна …

Како што им било кажано на патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје, бидејќи таму не би можело брзо да се поправа, како што е случајот во Белград.

Авионот безбедно слетал на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот, а на официјалната веб страна на скопскиот аеродром е објавено дека летот ќе доцни неколку часа и авионот ќе слета околу 20 часот.

Станува збор за авион кој Ер Србија го изнајмува и во кој имало екипаж од Данска.

Сите седишта во авионот биле исполнети бидејќи со овој лет летале голем дел од гостите кои доаѓаат на самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.