Адријана Алачки: Простувам, но не заборавам

Loading...

Адријана Алачки: Простувам, но не заборавам

На сите добро ни е познато името, Адријана Алачки. Станува збор за македонска пејачка на народна музика, а во последните години и водителка на позната авторска емисија.

Алачки живее и работи во Скопје. Покрај соло кариерата, Адријана Алачки понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Адријана се и Благица Павловска, Росана Тодоровска и Бади Бекир.

До 2011 година Андријана била во брак со Горан Алачки со кого има две деца. Во 2011 година Адријана започнала со емитување на своја кулинарска емисија наречена „Вкусот на традицијата“, која се емитува на ТВ Алфа.

Адријана Алачки растела со македонскиот фолклор како член на КУД “Кочо Рацин” Својата пејачка кариера ја започнала во 1987 година и пред пошироката јавност се преставувила со една прекрасна народна песна.

Во 1988 година со Ирена прават дует кој во 90-те години остава траг на македонската фолк сцена. Следуваат настапи и турнеи во Европа, Канада и Австралија. Дуетот престанува да постои во 1994 година, но Адријана продолжува со музичката кариера.

Често е присутна на фестивалите, има добиено голем број награди, а голем број хитови сведочат за успешноста. Како автор на музиката на нејзините песни најчесто се јавува нејзиниот поранешен сопруг – хармоникашот Горан Алачки.

Во нејзината професионална кариера можат да се најдат четири касети, две самостојни цедеа, голем број фестивали, турнеи, петнаесетина години на естрадата и последниот албум наречен „Меланхолија“.

Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана.

Таа е доста активна на социјалните мрежи, пред се на фејсбук каде што пред неколку дена на својот профил сподели статус кој привлече внимание, а во истиот вели:

„Ќе сфатиш, девојко моја… Не се старее со оној кој најмногу си го сакала и кој најмногу те сакал… Еден ден ќе ти биде јасно дека се старее со оној чие почитување кон тебе, како жена, било исто силно како и љубовта која ја чувствувал кон тебе. Оној кој те почитува не лаже, не изневерува и не те остава сама никогаш. Тој е твоја поддршка, твое рамо за плачење кога ќе дојдат тешките денови. Сите убави, згодни и млади паѓаат во сенка кога ќе го запознаеш него, просечниот со посебен карактер и големо почитување кон тебе. Почитување кое оди рака под рака со „Те сакам“. Не важат ниту убавината ниту привлечности, ниту сите останати неважни работи… единствена вистинска љубов е онаа во која почитувањето е присутно од првиот до последниот ден.“
„Не. Не простувам бидејќи сум наивен, глупав или бидејќи немам гордост. Сѐ знам и сѐ гледам. Но, и понатаму верувам во доброто на луѓето. Така избрав и знам дека поради тоа животот ќе ми биде поубав и подобар. Простувам, но не заборавам. Давам по некоја шанса и себеси, но и на другите“.
Меша Селимовиќ
* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...