Американскиот олимпиец се огласи по трагедијата: Верувајте, дете кое има помалку од 14 килограми, може да се удави во 30 секунди

Легендарниот американски олимпиец Боди Милер и неговата сопруга Морган Бек Милер, неколку недели по трагедијата во која ја загубија нивната ќерка, упатија силна порака до јавноста.
Нивната 19-месечна Евелин, се удави во базен во двороот на нивните пријатели во Калифорнија. Во интервју за „Тудеј“, двојката зборуваше за огромната загуба и апелираше до сите родители.

-Од свое искуство можам да кажам дека сѐ се случува неверојатно брзо и неочекувано. Мислите дека трагедиите се случуваат под чудни околности или поради необични причини. Но, не. Се случуваат додека да трепнеш – вели 40-годишниот скијач.
-Дете кое има помалку од 14 килограми, може да се удави во 30 секунди. Секогаш во главата бројам до 30. Тоа е се што требаше да направам. Како родител сега можам да кажам дека кога одите во туѓа куќа, истражете ја, осигурајте се дека е сигурна за деца – изјави сопругата на Боди, Бек Милер.


Во моментот кога се случила трагедијата Боди Милер не бил таму. Мајката на девојчето била само неколку чекори од базенот, кога сфатила дека девојчето го нема. Ја пронашла внатре во базенот, веднаш ја извлекла и повиката Брза помош, која стигнала за кратко време. Веднаш бил почнат процес за реанимација и девојчето е пренесено во болница, но прекасно.
Боди и Бек се во брак од 2012 година и го имаат тригодишниот Ноа. Неколку недели пред трагедијата, објавија дека го очекуваат нивното трето дете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.