Анастасиадес: Кипар нема да го напушти еврото

Кипар нема да го напушти еврото, изјави во петокот кипарскиот претседател Никос Анастасиадес, убедувајќи ги сонародниците дека владата успеала да ја придуши финансиската ситуација по постигнувањето на договорот со Европската унија.„Немаме намера да го напуштиме еврото. На ниеден начин нема да експериментираме со иднината на нашата земја“, рече кипарскиот претседател Никос Анастасиадес на конференција посветена на државните службеници.Кипарскиот претседател ги критикуваше другите земји членки на еврозоната, обвинувајќи ги за „досега невидените барања коишто го принудиле Кипар да стане експеримент“.Под притисокот на претставниците на меѓународните доверители од ткн „тројка“, Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, Никозија во понеделникот се согласи на според неа жестокото кастрење на кипарскиот банкарски сектор во замена за пакетот помош во износ од 10 милијарди евра.Овој план за спас на Кипар од банкрот и можно излегување од еврозоната претставува преседан од почетокот на должничката криза во Европската унија, бидејќи штедачите се принуден да понесат дел од трошоците на планот, со кој најмногу се поодени руските државјани и компании кои имаа сметки и влогови во кипарските банки, со што треба да се соберат 5,8 милијарди евра, како кипарски удел во санирањето на последиците од кризата.„Го избегнавме банкротот. И покрај трагичноста на ситуацијата, успеавме да ја одржиме контролата на ситуацијата“, оцени кипарскиот претседател Анастасиадес.
МакфаксКипар нема да го напушти еврото, изјави во петокот кипарскиот претседател Никос Анастасиадес, убедувајќи ги сонародниц

Пронајдете не на следниве мрежи: