Англија ЕЛИМИНИРАНА, Франција е полуфиналист на СП во Катар

Актуелниот светски шампион Франција го доби дербито против Англија со 2-1 и се избори за полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар, каде што ќе се соочи со Мароко кој претходно ја елиминира Португалија.

Првиот гол на натпреварот падна по 17 минути игра кога Орелиен Чуамени испрати вистинска „бомба“ од 25 метри и го матира Џордан Пикфорд, а потоа Англија беше поактивна во нападот и се обидуваше да стигне до израмнување.

Хари Кејн од пенал во 54. минута погоди за 1-1, по што Французите повторно го вратија водството преку Оливие Жиру во 78. минута.

Напаѓачот на Тотнем, Кејн имаше втора шанса од белата точка да го матира Уго Лорис и да ја врати Англија во живот, но не беше прецизен и Франција славеше со 2-1.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.