Антивладини протести во Тирана

Партијата „Црно – црвена алијанса“ во неделата во Тирана одржа антивладини протести на кои е побарана оставка на владата на премиерот Сали Бериша во пресрет на парламентарните избори кои ќе се одржат на 23 јуни годинава.Неколку илјади граѓани учествуваа во протестите кои се одржа денеска напладне пред зградата на владата на Албанија.Лидерот на партијата  Крешник Спахиу, го обвини премиерот Бериша за корупција и криминални дејствија барајќи притоа да си замине во пресрет на изборите.Спахиу рече дека  Бериша е виновен за сите политички убиства кои се случија на 21 јануари пред две години, но и за тешката состојба во земјата.На протестите, покрај членовите на оваа партија се придружија и голем број на други граѓани на Тирана. Протестите мина мирно и без инциденти.Лидерот на опозицијата Еди Рама, синоќа по обединувањето на опозицијата побара и од партијата на Спахиу, да влезе во коалицијата на албанската левица со цел да се собори Бериша на претстојните избори.
МакфаксПартијата „Црно – црвена алијанса“ во неделата во Тирана одржа антивладини протести на кои е побарана оста

Пронајдете не на следниве мрежи: