Арсенал подготвува нов договор за Венгер

Loading...

Челниците на фудбалскиот клуб Арсенал планираат да ја продолжат соработката со тренерот Арсен Венгер на уште две години, пренесуваат англиските медиуми.

Актуелниот договор на Венгер истекува во јуни 2014 година, но како што пишува таблоидот „The Sun“, францускиот стратег е подготвен да започне преговори за продолжување на договорот на уште две години. Венгер кој во Арсенал пристигна во 1996 година, како менаџер има освоено три шампионски титули и четири титули во ФА купот, но последниот пехар екипата од „Емирејтс“ го има освоено во 2005 година, кога во финалето на ФА купот го победи Манчестер Јунајтед.
Макфакс
Челниците на фудбалскиот клуб Арсенал планираат да ја продолжат соработката со тренерот Арсен Венгер на уште две години, пр

loading...