Белград домаќин на Ф4 турнирот во АБА лигата

Loading...

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) и градоначалник на Белград, Драган Ѓилас, потврдил дека завршиниот турнир во АБА лигата ќе се игра во српската престолнина.Ѓилас, по состанокот со првиот човек на Јадранската лига Роман Лисац, прифатил „Фајнал Фоур“ турнирот да се одржи во Белград.„Го известив господинот Лисац дека ние како град не можеме да платиме 100.000 евра, колку што организаторот и плаќа на АБА лигата. Ние сме подготвени да обезбедиме бесплатно користење на Арената или Пионир во зависност која од овие две сали ќе одбере организаторот. Јас единствено побарав Јадранската лига да го плати осигурувањето на салата, што е стандардна процедура. Разговаравме и за безбедносните проблеми, со оглед на случувањата на финалето на Купот во Крагуевац, го упатив Лисац тоа прашање да го реши во договор со нашите безбедносни органи“, се вели во изјавата на Ѓилас која ја пренесе Танјуг.Финалниот турнир во Јадранската лига ќе се одржи од 25. до 27.април, пласман веќе обезбедија Игокеа и Црвена звезда, додека за преостанатите две места конкурираат Партизан, Будуќност и Раднички.
МакфаксПретседателот на Кошаркарскиот сојуз на Србија (КСС) и градоначалник на Белград, Драган Ѓилас, потврдил дека зав

loading...