БЕСЦЕНЕТИ ЉУБОВНИ ЛЕКЦИИ ОД ЖИВОТОТ

Loading...

БЕСЦЕНЕТИ ЉУБОВНИ ЛЕКЦИИ ОД ЖИВОТОТ

Некои врски раѓаат скапи спомени, други – бесценети лекции. Љубовта ќе ви донесе романтични моменти и еуфорични емоции, кои ќе сакате да ги помните цел живот, но и грешки, тага и болка, од кои ќе научите многу.

Животот е учител, а ете и некои љубовни лекции кои можеби веќе сте ги научиле од сопствен или туѓ пример или сега за прв пат ќе ги насочите мислите во тој правец:

  1. Неверството и лагата не се грешки, туку избор, свесен избор што личноста свесно го прави. Ако ја слушнете репликата: “Беше грешка, верувај ми!“, од својот партнер, не дозволувајте да се скрие зад зборчето “грешка“.
  2. Понекогаш молкот е најсилниот плач. Ќе стигнете до момент кога партнерот без да изусти ништо ќе ви каже: “Држи ме за рака, почувствувај ја мојата болка, те молам биди тука!“ Не ја занемарувајте таа тишина полна со тага.
  3. Презирот и омразата кон бившиот партнер ви наштетуваат само на вас, не на него. Ослободете се од негативните чувства, закопајте ги еднаш за секогаш и не дозволувајте да ви го загорчуваат животот. Некои луѓе едноставно не заслужиуваат таков дел од вашата енергија, ни пак се достојни за било какви емоции.
  4. Само затоа што една врска пропаднала, не значи дека треба да престанете да живеете. Дури и некои од најдобрите врски не траат долго. Луѓето се среќаваат, се поврзуваат, се разминуваат и се разделуваат. Но нивната средба, колку и кратко да траела, секогаш има смисла и остава спомени, кои вредат за да бидат запаметени.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА НА НАРЕДНАТА СТРАНА

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...