БиХ: Шмит ја поздрави резолуцијата за Сребреница, за Русите тоа е закана за помирувањето

 Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, денеска го поздрави усвојувањето на Резолуцијата со која Генералното собрание на ОН го пргласи 11 јули како меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница, додека руската амбасада во Сараево соопшти дека тоа е „пораз за Босна и Херцеговина“, бидејќи ќе го отежне процесот на помирување.  Шмит објави изјава во која нагласи дека го поздравува документот како израз на меѓународна посветеност да се зачува достоинството на преживеаните и споменот на убиените.„Од најголема важност е општеството да ги отфрли сите обиди да се минимизира или намали тежината на геноцидот во Сребреница. Резолуцијата мора да послужи како катализатор за исцелување и разбирање, наместо да биде искористена за тесни политички цели. Тоа не е чин насочен против српскиот народ или против Република Српска. Секој обид да се стави оваа резолуција во таков контекст е погрешен и злонамерен“, рече Шмит.Против усвојувањето на резолуцијата за Сребреница на Генералното собрание на ОН беше Русија заедно со Србија, а амбасадата на таа земја во Сараево денеска објави коментар во кој наведуваат дека тоа е опасно за мировниот процес во БиХ и за стабилноста на регионот. 

Пронајдете не на следниве мрежи: