БОКИ 13 ИЗЛЕГУВА ОД „ШУТКА“ И ОДИ ВО ДОМАШЕН ПРИТВОР

Loading...

По година и три месеци Бојан Јовановски ја напушата ќелијата во Шутка и заминува во домашен притвор. Оваа одлука ја донесе Апелација по барање поднесено од неговиот адвокат. Сашко Дукоски неколку месеци бараше Боки 13 да излезе од притвор поради неговата влошена здравствена состојба. Последно беше хоспитализиран во болницата Св. Наум Охридски, поради хируршка интервенција на желудникот. Јовановски беше осуден на 9 години затвор за случајот Рекет, заедно со Катица Јанева.

loading...