Борачите шокирани од одлуката за исклучување од Олимписките игри

Loading...

Меѓунaродната боречка федерација (FILA) е огорчена од одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (MOK).

 
„Шокирани сме од таквата одлука. Ќе ги преземеме сите неопходни мерки за да ги убедиме членовите на МОК да го сочуваат олимпискиот статус на борачите3, порача претседателот на FILA, Рафаел Мартинети.
Веднаш по соопштувањето на одлуката на МОК, реагираа и челниците на Германскиот боречки сојуз. „Со бришењето на борењето од списокот олимписки спортови,умира дел од олимписката идеја”, смета челникот на германските борачи, Јанис Замандуридис.
МОК на своето заседание во аргентинската престолнина Буенос Аирес во септември годинава треба да ја ратификува оваа одлука поврзана со програмата на олимписките игри во 2020 година, кога ќе биде избран домаќинот меѓу трите града кандидати, Истанбул, Мадрид или Токио.
Меѓународната боречка федерација по ваквата одлука на МОК би требала повторно да го кандидира овој спорт да се најде на програмата на олимписките игри. Така, рвењето се најде изедначено со седум други спортови кои исто така се очекуваат да бидат избришани од листата олимписки спортови, како што се сквошот, слободното искачување, каратетот, боречката вештина вушу, бејзболот и софтболот, вејбордот (наутички спорт), како и ролерските спортови, во борбата за единственото место коешто ќе биде застапено на Олимпијадата во 2020 година.
Инаку, борењето на олимписките игри е застапено уште од првите древни Олимпшијади од 708 година пред Христа, а се појави и на првите модерни олимписки игри во Атина 1896 година.
 
Извршниот комитет на МОК, одлуката да го избрише борењето ја донел откако ги разгледал состојбите во сите 26 спортови кои се наоѓаат во олимписката програма. На последната олимпијада во Лондон, во борење во слободен и грчко-римски стил, се натпреварувале 344 борачи.
Макфакс
Меѓунaродната боречка федерација (FILA) е огорчена од одлуката на Меѓународниот олимписки комитет (MOK).

loading...
Loading...