Вардар се распаѓа, фудбалерите си заминуваат од клубот: Ова е нивната порака!

Loading...

Најтрофејниот македонски фудбалски колектив е во распад. Актуелното раководство е немоќно да ги подмири долговите, спонзорот Сергеј Самсоненко се откажа, а фудбалерите испратија соопштение до јавноста во кое наведуваат дека веќе не можат да ги трпат лагите кои им беа „сервирани“ можеби и цели две сезони.
Тие најавуваат комплетно заминување од ФК Вардар затоа што мора да мислат и на семејствата. Во соопштението на фудбалерите на Вардар се вели:
„Почитувана македонска и спортска јавност,


Ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар. За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение, чекање, непочитувањето кон фудбалерите, тренерите, целата администрација и вработени во клубот не заслуживме ваков крај. Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, а на крај не разочара сите и не остави на цедило.
Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери, тие дозволија клубот да го допре дното. Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен, се боревме со срце за боите на светиот дрес , имавме прекрасна атмосфера, имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме.
Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар, но со тие лаги не можеме повеќе да издржиме. Сите ние имаме семејства и нормално треба да гледаме за во иднина . Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај . Вардар е голем тим, Вардар е најголем бренд во Македонија, нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес, затоа тој клуб не смее да згасне и спасете што побрзо за доброто на цела Македонија.“

loading...