Вардар ја демолира Шкендија

Loading...

Фудбалерите на Вардар ја декласираа Шкендија со 6:1 во одложениот натпревар од 20.коло, во Првата фудбалска лига. Поранешниот македонски репрезентативец, Ацо Стојков на оваа среда со два гола дебитираше во дресот на ’црвено-црните’.

Вардар до победата стигна во финишот на првото полувреме кога за само четири минути неговите играчи три пати ја погодија мрежата на Шкендија. Серијата на голови ја отвори Костоски, во 14.минута напаѓачот на Вардар нафрлената топка од Ѓоргиев лесно ја смести зад грбот на Ников. Костоски го постигна 13-от гол сезонава во првенствените натпревари. Шкендија израмни во 38.минута преку Ејупи, кој од 13 метри со прецизен удар го совлада вардаровиот голман Милиќ. Четири минути подоцна Стојков од левата страна со прецизен удар го погоди спротивниот агол од голот на Ников. На 3:1 зголеми Стјепановиќ, македонскиот репрезентативец од 40-тина метри го лобуваше истрчаниот голман на Шкендија. Во судиското надополнување на времето Стојков, по асистенцијата на Ѓоргиев го постигна својот втор гол. Вардар до предноста од 5:1 стигна со голот на Лазаревски, негов прв во дресот на лидерот на табелата. Лазаревски во 64.минута од слободен удар го совлада Ников. Попов, во 83.минута го искористи додавањето на Стјепановиќ и откако изби сам пред голот на Шкендија, лесно го совлада Ников. Убедливата победа над Шкендија е прва за Никола Илиевски кој во полусезоната го презеде кормилото на Вардар. ПМФЛ 20.коло, резултати:Хоризонт-Силекс 3:1Дрита-Пелистер 1:1Ренова-Металург 1:0Тетекс-Брегалница 0:2Напредок-Работнички 0:2Вардар-Шкендија 6:1Табела: 1. Вардар 42, 2. Хоризонт 38, 3. Напредок 34, 4. Металург 32, 5. Брегалница 27, 6. Работнички 27, 7. Ренова 27, 8.Шкендија 26, 9.Дрита 24, 10. Пелистер 21, 11. Силекс 18, 12. Тетекс 13.
Макфакс
Фудбалерите на Вардар ја декласираа Шкендија со 6:1 во одложениот натпревар од 20.коло, во Прв

loading...