Папата сака да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Нашата желба е да понудиме простор каде страните би можеле да се сретнат и да започнат дијалог без никакви предуслови, изјави државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин изјави дека верува оти Ватикан ќе биде соодветно место за преговори за прекин на војната во Украина.

„Ватикан би можел да биде соодветно место за преговори, нашата желба е да понудиме простор каде страните би можеле да се сретнат и да започнат дијалог без никакви претходни услови, каде што самите ќе треба да го дефинираат моделот на преговори“, рече Паролин.

Ватикан често ја изразуваше подготвеноста на ,,Светата престолнина” посредува за да се дојде до дијалог меѓу Русија и Украина. Папата Франциско во неколку наврати посочи дека Ватикан работи на изнаоѓање решение за војната во Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.