Велешанка со нож си ги повредила сопругот и синот

Вчера во 12 часот во СВР Велес било пријавено дека во семејниот дом на ул. “Петре Прличко“ триесет и шестгодишната М.М. од Велес со нож ги нападнала и ги повредила својот 47-годишен сопруг Р.И. и 19-годишниот син А.М.(19).
Според информацијата од СВР Велес 36-годишната М.М. е лишена од слобода и по целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава. Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Пронајдете не на следниве мрежи: