Велигденска превкусна торта

Loading...
ЗА ПАНДИШПАН
4 јајца
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
100 мл масло
70 г остро брашно
30 г какао
1/2 кесичка прашок за печиво
ЗА ФИЛ
500 мл слатка павлака
300 г чоколадо за готвење
200 г млечно чоколадо
Измешајте го брашното со прашокот за печиво и какаото. Белките од јајцата цврсто изматете ги. Жолчките пенесто изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер, па додадете го маслото. Неизменично додавајте по малку од брашното, по малку од белките и благо мешајте ја смесата со лопатка додека се  соедини смесата. Нанесете ја во калап бр. 26 чие дно е прекриено со хартија. Печете 20 минути на 180 степени.
Во тенџере ставете ги павлаката и искршеното чоколадо, и загревајте го кремот на ниска температура додека се растопи чоколадото. Нанесете го филот на изладениот пандишпан. Откако торта ќе се излади декорирајте ја.
За декорација на тортата ќе ви треба чоколадно едно поголемо зајаче, мини-чоколадни јајца и малку зелен кокос кој ќе имитира трева. Зелениот кокос ќе го добиете на тој начин што на кокосот ќе му додадете зелена прехранбена боја. Обоениот кокос распоредете го врз тортата, па украсете со чоколадниот зајак и јајцата.
loading...