Верниците со молитва за иранскиот претседател Раиси по хеликоптерската несреќа

Верниците се помолија за иранскиот претседател Ебрахим Раиси, откако хеликоптерот со Раиси, министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амирабдолахиан и други официјални лица најверојатно се урна во планинскиот северозападен дел на Иран.

Ебрахим Раиси, чија судбина се уште е непозната по хеликоптерската несреќа, е претседател на Иран од 2021 година и ја води земјата во позадината на несогласувањата на меѓународно ниво и со голем број внатрешни спорови во земјата.

Во Иран вечерва се уште трае потрагата по исчезнатото летало во кое покрај Раиси се наоѓаа и шефот на дипломатијата Хосеин Амир Абдолахиан и уште двајца функционери.

Раиси (63), секогаш со црн турбан на главата и верска облека, важи за ултраконзервативец.

Беше избран на 18 јуни 2021 година во првиот круг на гласање во отсуство на силни конкуренти.

Тој го наследи умерениот Хасан Рохани, кој го порази на претседателските избори во 2017 година и не можеше повторно да се кандидира по два последователни мандати.

Раиси се појави зајакнат по парламентарните избори одржани во март и средината на мај.

Тоа беа првите национални избори по протестното движење што го потресе Иран кон крајот на 2022 година по смртта на Махса Амини, млада жена уапсена поради непочитување на строгиот кодекс на облекување.

Пронајдете не на следниве мрежи: