Аko некогаш сте се запрашале дали пилотите спијат додека летаат, ние го имаме одговорот , а етиопскиот пилот и инструктор Теводос Соломон објави видео на Инстаграм во кое покажува како изгледа неговото место за спиење.
Во видеото кое собра 4,9 милиони прегледи, пилотот им покажа на гледачите како изгледа просторот зад пилотската кабина со ограничен пристап, која е опремена со две лежечки седишта. Камерата потоа се префрла на платформа со две тесни лежишта за спиење за кои многумина напишале дека се чувствуваат клаустрофобично.
- Сигнал за бегство од земјата? Две третини од Унгарците сакаат да го видат Орбан на обвинителната клупаДури 65 проценти од граѓаните би сакале да го видат… Read more: Сигнал за бегство од земјата? Две третини од Унгарците сакаат да го видат Орбан на обвинителната клупа
- Трендафилов: Добивка од 881 милион евра кај 100 најпрофитабилни компании во земјава и работниците не биле продуктивни?!Вкупната добивка на 100-те најпрофитабилни компании во 2025 година изнесувала… Read more: Трендафилов: Добивка од 881 милион евра кај 100 најпрофитабилни компании во земјава и работниците не биле продуктивни?!
- Индиска милијардерка носи ѓердан од 15 милиони долари: Тоа е само дел од нејзината раскошна колекцијаИндиската милијардерка и филантроп Суда Реди носеше ѓердан вреден повеќе… Read more: Индиска милијардерка носи ѓердан од 15 милиони долари: Тоа е само дел од нејзината раскошна колекција
- Инфлуенсер се јави од крузерот на кој владее хантавирус: Ние не сме само насловни страници, ние сме луѓе кои имаат семејстваИнфлуенсерот за патувања Џејк Розмарин е на крузерот MV Hondius… Read more: Инфлуенсер се јави од крузерот на кој владее хантавирус: Ние не сме само насловни страници, ние сме луѓе кои имаат семејства
- Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 МајВо кругот на Министерството за внатрешни работи во Скопје денеска… Read more: Централна прослава по повод Денот на полицијата – 7 Мај
View this post on Instagram A post shared by Tewodros Solomon (@captain_tewodros)
„Жал ми е што го гледам ова“
„Зарем тоа не е премногу тесно?“, праша еден, а друг додаде: „Нечии рамења едвај се вклопуваат таму. Како е ова во ред за пилоти на должност?
„Жал ми е што го видов ова, сега не сакам повеќе да се качам во авионот“, коментира трет, а многумина биле шокирани од фактот што пилотите дури и спијат во авионот. Дали спијат? Отклучен нов страв“, „Зошто спијат во лет? Тие се платени да управуваат со авионот“ и „Ова ми ја зголемува анксиозноста“ се дел од коментарите.
Инаку, овие специјални кабини за спиење се достапни само на летови кои траат подолго од седум часа, а на долгите летови се присутни три до четири пилоти.
Пронајдете не на следниве мрежи:



