Вкусен француски десерт без брашно

Потребни состојки:
170 грама квалитетно црно чоколадо
475 милилитри слатка павлака
3 жолчки
1/8 лажичка сол
1 лажичка екстракт од ванила
45 грама шеќер (по желба)

Вкусен француски десерт без брашно

Начин на подготовка:

Исечкајте го чоколадото и ставете го во блендер.

Во тенџере на средна температура измешајте ги павлаката, кремот, жолчките, шеќерот и солта во тенџере на средна температура, мешајќи да се соединат состојките. Тргнете ја смесата настрана пред да почне да зоврива.

Топлата смеса истурете ја во блендерот со чоколадото, додадете ја ванилата и мешајте додека смесата не се изедначи. Истурете ја смесата во чаши за десерт и оставете ја да отстои во фрижидер 6-8 часа.

Оставете ги чашите на собна температура околу 10 минути пред да ги послужите. На здравје!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.