Ворли нова светска првенка во велеслалом

Loading...

Французинката Теса Ворли е новата светска првенка во велеслалом, откако на алпскиот Мундијал во Шладминг, со две импресивни возења го победи Тина Мазе и Ана Фенингер.Ворли која стартуваше како прва, имаше најдобри времиња во двете трки и со вкупен резултат од две минути, осум секунди и шест стотинки го освои златниот медал.Мазе, која го освои сребрениот медал имаше послабо време од победничката за една секунда и 12 стотинки.Миленичката на домашната публика, Ана Фенингер, со послаб резултат за една секунда и 18 стотинки, го освои бронзениот медал.Мундијалот во Шладминг продолжува во петок, кога на програмата е велеслаломот во машка конкуренција.
МакфаксФранцузинката Теса Ворли е новата светска првенка во велеслалом, откако на алпскиот Мундијал во Шладминг, со две

loading...