Во базен во Битола се удави 14-годишно девојче

Според сведочење на присутните, 14-годишно девојче се удавило денеска на базенот “Довлеџик“ во Битола пренесува Нова Македонија.
Засега не се соопштува идентитетот на девојчето, а полицијата спроведува истрага на местото на несреќата.
Она што изненадува е дека несреќата се случила пред повеќемина посетители, а никој не забележал ништо, дотолку повеќе што на базенот има служба за спасување која е обучлена токму за вакви ситуации.

 

 

Loading...